48-годишната Лилијана дел Кармен Кампос Пуело важи за една од најголемите и најуспешните трговци со сексуални услуги во Колумбија – таа успеала да заработи милиони долари од трговија со малолетни девојчиња.

Полицијата соопшти дека таа им ги продавала своите жртви на истакнати политичари и познати личности.

Кампос Пуело, позната како „Мадам“ (Ла Мадам), беше уапсена во јули 2018 година. Како резултат на успешната акција, полицијата успеала да пронајде 250 малолетни девојчиња кои биле ангажирани да им служат на богаташите во луксузно одморалиште. Некои од девојчињата биле одбележани со тетоважи од страна на нивните изопачени сопственици.

Пријавено е дека девојчињата, наводно, биле прикажувани на каталози, по што биле избрани и присилени да присуствуваат на оргии на луксузни јахти и во хотели.

madame

Сподели на Facebook
пати видено