Бидејќи пожарите во дождовните шуми во Амазон продолжуваат да горат, сè повеќе извештаи од областа продолжуваат да се појавуваат. Едно видео стана популарно на социјалните мрежи, поради емоциите кои ги пренесува. Домородна жена од племето Патакси е снимена како дава страствен и емотивен говор пред запалената шума, критикувајќи ги властите на Бразил и оние кои немаат во план да го запрат опустошувањето.
Голем дел од локалното население вели дека шумските пожари се започнати намерно, како начин за расчистување на просторот за да се отвори простор за повеќе фарми и ранчови за добиток. Додека сите си ја префрлаат вината едни на други, фактот дека „белите дробови“ на планетата се уништуваат, а скоро никој не реагира, не се менува.