Маж од Индонезија си имал две девојки и „многу“ си ги сакал и двете, така што кога дошло време за женење не може да се одлучи која од нив да си ја одбере.
Затоа на фраерот му текнала „генијална“ идеја. Едноставно си ги оженил и двете одеднаш.
Тој за локална телевизија изјавил: „Моето срце не можеше да издржи да види некоја од нив повредена. Затоа решив да се оженам со двете.“ Церемонијата од триото неодамна стана позната, затоа што младоженецот се збунува кога треба да ги каже заветите и предивикува смеа кај присутните. Сепак на крајот церемонијата се релизира и наводно сите добро се сложуваат.
Во Индонезија полигамијата е целосно легална. Муслиманите, Балинезите и Папуанците го практикуваат обичајот да имаат повеќе од една сопруга или сопруг во исто време.
Според Куранот, еден муслиман може да има до четири сопруги, сè додека може подеднакво да ја издржува секоја од нив. Сепак, законот за Индонезија се вели дека мажот може да склучи полигамен брак само ако има согласност од својата прва сопруга.