Секој сака барем еднаш во животот да почувствува голема љубов и романтика, но наслатко е кога романтиката ќе се појави кога најмалку се очекува. Керен Б. Каплан реши да ја раскаже љубовната приказна со нејзиниот сегашен сопруг Хавард и секоја бајка би можела да му подзавиди на овој среќен крај.
Нејзината приказна започнала кога таа имала само 18 години и била бруцош на Универзитетот Корнел. Таа била во врска со 21-годишниот Хавард од септември, а тогаш веќе било пролет, бидејќи живеела на сосема различни страни од државата знаеле дека наскоро ќе треба да се разделат. Тие седеле во студентскиот дом и вака течел нивниот разговор:
Керен: „Мислам дека наоѓањето на вистинската личност е прашање на време и место. Што ако ние сме вистинските личности, но ова е погрешното место и време? Ќе ја пропуштиме нашата шанса и ќе зажалиме.“
Тој: „Значи велиш дека треба да останеме заедно?“
Керен: „Не. Не сакам да се омажам за првиот маж со кој сум сериозна. Велам, да си дадеме втора шанса. Да се сретнеме за пет години. Јас ќе имам 23, а ти 26 години. Ќе видиме дали ќе сакаме повторно да сме заедно.“
Хавард се согласил. Тие се договориле да се чекаат пред библиотеката Њујорк во близина на горниот лав во 16:00 часот на првата недела во април, пет години од таа пролет.
Тие го напишале ветувањето на банкнота од еден долар, ја скинале на половина и секој земал една со запишаното ветување. Керен не се надевала дека оваа приказна ќе даде романтичен крај, туку го сметала за интересен гест пред разделување.
Во текот на следните 5 години таа имала неколку врски, а Хавард заминал да стажира во друга држава. Бидејќи во тоа време немало интернетн и социјални мрежи таа не знаела многу за Хавард туку само дека живее некаде во Калифорнија, додека таа се преселила во Минеаполис и била во врска која не водела никаде.
Токму на договорениот ден таа фатила лет и нервозно чекала пред библиотеката, надевајќи се дека ова нема да биде нејзино големо разочарување. Кога го видела Хавард како се движи кон неа, не можела да поверува.
Сепак тука не настапува веднаш „си живееја среќно засекогаш“. Првин Керен морала да стави крај на нејзината претходна врска, потоа одлучувале каде ќе живеат, за на крај Хавард да се пресели кај неа, каде што ќе поминат 2 години и потоа повторно да се вратат во Њујорк. Набрзо таму Хавард и ја запросил.
„Со таква приказна, секако, моравме да останеме заедно“, вели Каплан. „Откривме дека романтичното минато може да ви помогне да се прицврстите во место додека не најдете рамнотежа“. Каплан инсистира на тоа дека приказната не е за романтиката туку како да се биде паметен во љубовта.
„Со години ја завршував приказната со следново: ‘Мислев дека само бев практична да ни дадам втора шанса. Се покажа дека е добар план’“, вели таа, но нејзината перспектива беше променета неодамна. „Па планот можеби е практичен. Но фактот дека и двајцата сте се појавиле е тоа е романтика.“, ова се зборовите кои ѝ ги кажала пријателка на Керен и кои ја предомислиле.
Керен и Хавард се сѐ уште заедно и веќе се 35 години во брак. Скинатата банкнота од 1 долар стои врамена во нивната соба.