Многу луѓе сакаат да чуваат мачки, тие се мали, мили суштества, кои само сакаат да се чешкаат да ве топлат и понекогаш да ви направат „реновирање“ на домот.
Сепак излезе дека не сите мачки се толку мали. Мачорот наречен Би Џеј дефинитивно може да изеде повеќе лазањи од Гарфилд и воопшто не му е срам за тоа.
Да, станува збор за обична домашна мачка, не е леопард, ниту рис и овој убавец моментално живее во засолниште за животни во Филаделфија. Раскошниот мачор кој тежи 12 килограми моментално си го бара својот дом и тој привлече огромно внимание откако неговите фотогафии беа објавени на Фејсбук.
Жената на фотографијата очигледно се мачи да го држи мачорот во раце, а полицијата на Филаделфија се понудила да го посвои мачорот доколку никој друг не сака. Се надеваме дека Би Џеј наскоро ќе си најде свој дом каде што ќе царува како лав.