Мајка лезбејка и истакнат политички коментатор од САД поттикна контроверзи откако призна дека е разочарана што нејзината шестгодишна ќерка најверојатно е хетеросексуална?!
Триесет и седумгодишната Сели Кон која работи за CNN и MSNBC го опишува нејзиното соседство како „либерален меур во Парк Слоуп, Бруклин, кадешто никој јапи не би признал дека за своето дете посакува нешто друго освен да биде среќно. Ако сме оделе на факултет, сакаме и нашите деца да одат на факултет…Ако гласаме за Демократите, сакаме и нашите деца да гласаат за нив.“ И потоа ја кажала главната поента:
Јас сум геј, и сакам и детето да ми биде геј. Кога мојата ќерка си игра со нејзините плишани коала мечиња давајќи им улога на мече тато и мече мама, ние нежно ја потсетуваме дека тие би можеле да бидат и тато и тато.
Понекогаш таа ја менува приказната, понекогаш не. Нејзин избор.
Времето ќе каже, но до сега не ми изгледа дека мојата шестгодишна ќерка е геј. Всушност, веќе лудува по момчиња.
Кон ја одгледува нејзината шестгодишна ќерка Вила Хансен Кон заедно со нејзината партнерка Сара Хансен, со која се запознала во 2003 година на Светскиот социјален форум во Порто Алегре, Бразил.