Со компјутерска томографија на една будистичка статуа од 11. или 12. век се открила една несекојдневна тајна – во неа има мумија на будистички свештеник од Кина. Внатрешните органи на свештеникот биле извадени и на нивно место биле ставени древни кинески пергаменти.
Научниците знаеле дека во статуата имало мумија, но компјутерското скенирање спроведено од медицинскиот центар Меандер на барање на холандскиот музеј Дрентс овозможило детален увид во нејзината внатрешност. Мумијата е телото на Лиучуан, древен будистички мајстор на кинеската медитативна школа.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.