Многу луѓе би рекле дека живееме во култура опседната со убавина и би сториле сѐ да изгледаме подобро. Луѓето од минатото понекогаш превземале крајни мерки за да изгледаат убаво, што и да се подразбира под тоа. И Јапонците воопшто не заостануваат зад тоа, дури и денес.
Еден нов вид на третман за убавина вклучува и сеанса за време на која треба да издржите пет минути да ви лазат полжави по целото лице. Е сега, иако ова навистина звучи грозно, упатените тврдат дека дава неверојатни резултати.
„Лигавата материја која полжавите ја оставаат зад себе ги отстранува мртвите клетки, може да помогне да се справите со горениците од сонце, а исто така ја навлажнува и кожата. Се верува дека слузта од полжави веќе се употребува во некои козметички производи за убавина и против стареење.“
Ете ви дами. Кога ќе фатат пролетните дождови, ранците на грб и во потрага по новиот природен третман кој можете да го добиете бесплатно. Природата секогаш најдобро се грижи за нас. 🙂