„Внимавајте што посакувате, може и ќе ви се оствари“ никогаш не звучело повистинито отколку во оваа приказна за еден огорчен човек, кој поминувал низ тежок развод. Тој решил да раскаже како му „пукнал“ филмот откако поранешната сопруга му ги „лапнала“ парите и потоа сакала да му земе голем дел и од малата фирма која цело време сам си ја водел. Затоа тој се одлучил на една ваква одмазда.

Адвокатите на неговата поранешна сопруга барале голем број на документи кои тој требал да ги поднесе за фирмата. Кога ги прочитал барањата си мислел дека е невозможно да ги исполни, но инаетот и желбата за одмазда предизвикале да направи и многу повеќе од тоа.

Кога прашал како да бидат доставени документите адвокатите му кажале дека сите документи од ист тип треба да бидат сортирани заедно. Никаде не стоело дека треба да се во кутија или да се спакувани на некој посебен начин.

„Одговорив на начин кој не го очекуваа. Им дадов сѐ што одговараше на нивните барања. Како што беше барано од бизнисот беше оправдано да се даде плата на работниците за да ми помогнат да ја завршам работата, па така 5 лице се впуштивме во работа. Така испринтавме изјави од банки и трансакции од банки во изминатите 7 години, од 10 сметки. Ги фрливме на куп и ги измешавме. Ова беше едно барање така што дадовме и еден целосен одговор.“, вели огорчениот маж. На фотографијата подолу се гледа како ги спакувал документите.

Бидејќи ова не било доволно тој ги поднел и сите трансакции од продажба, средства, инвентар и извештаи за продажба. Секое посебно прашање го обележал со портокалова лента на кое стоело кои документи за кое прашање се однесуваат. За да не дојде до „забуна“.

Потоа сите купишта хартија ги собрал на едно место и ги врзал со една иста лента и ги ставил во кутија која ја прицврстил со истата лента.

„Вака направив бомба од документација која експлодира со околу 3.000 документи на сите страни, откако ќе исечете било кој дел од лентата. И нема кутии во кои можат да се стават откако ќе се отворат. Така на последниот ден со помош на камионче ги доставив документите до канцеларијата на скапите адвокати, кои почнаа да паничат кога ја видоа големината на документацијата. Намерно ги ставив сите лични податоци и главни прашања најдолу.“, додава тој.

Секако победата била негова: „Нема доволно пари во градот кои ќе платат адвокат да ги допре, а не па да ги процесира сите тие документи. Наскоро направивме спогодба и пратив неколку мои вработени да ги земат документите, секако неотворени.“

Сподели на Facebook
пати видено