Според статистичките податоци на Светската организација за туризам на ООН, во 2018 година, бројот на патници ширум светот надминал 1,4 милијарди.
Искусните туристи знаат дека и покрај тоа што секој од нас е уникатен и специфичен, на секое патување секогаш има „класични“ типови патници на далечни и не многу далечни дестинации, без разлика дали се луѓе кои со себе си ги носат сите свои работи, или оние што насекаде се чувствува како дома.
Искористувачот
Карактеристики: Секогаш има голема торба на готово и постојано гледа наоколу.
Каде може да се најде: Во авион
Како да преживеете: Први земете ја храната
Комуникативниот
Карактеристики: За 15 минути ви ја раскажува својата животна приказна и ви поставува секакви можни прашања.
Каде може да се најде: Во било кој превоз
Како да преживеете: Преправајте се дека спиете
Бигфут
Карактеристики: Ја става торбата на соседното седиште и ги крева долгите нозе.
Каде може да се најде: Во било кој превоз
Како да преживеете: Врзете му ги врвките на патиките додека спие.
Златокоса
Карактеристики: Прави илјада селфи во секунда.
Каде може да се најде: Во било кој превоз
Како да преживеете: Флертувајте. Ако тоа не помогне удирајте со нозете на нејзиното седиште.
Залижаниот
Карактеристики: Интелигентни и добронамерни, се обраќаат со „вие“ дури и во секојдневниот разговор.
Каде може да се најде: Во било кој превоз
Како да преживеете: смирено, само смирено
Грижлива мајка
Карактеристики: Мириса на пушен колбас и пржено пилешко.
Каде може да се најде: Во воз или автобус.
Како да преживеете: Изгледајте колку што е можно сито
Мачо-момчиња/Војници
Карактеристики: гитара, ракија, кратка фризура
Каде може да се најде: Во возови
Како да преживеете: Преправајте се дека сте со иста крв.
Трговски патник
Карактеристики: голема колекција на приказни од неговиот сопствен живот, куфер и искинати чорапи.
Каде може да се најде: Во возови
Како да преживеете: Помирете се со тоа
Гастротуристи
Карактеристики: Жените се облечени во сите можни бои и дезени, а мажите изгледаат како да се бездомници.
Каде може да се најде: Во автобуси
Како да преживеете: Придружете им се.
Љубопитниот
Карактеристики: Прекумерено љубопитни, некултурни
Каде може да се најде: Во автобус и авион
Како да преживеете: Сменете ги местата или трпете
Северни и јужни
Карактеристики: Незадоволен израз на лицето, со црвено лице или син нос зависи од ситуацијата
Каде може да се најде: во секој превоз каде има прозорец или климатизација.
Како да преживеете: Носете затки за да ги затнете дупките или нечија уста.
Бизнисмен
Карактеристики: Сериозен израз на лицето и телефон на копчиња
Каде може да се најде: во секој превоз
Како да преживеете: Носете си слушалки и пуштете концерт на AC / DC
Стив Ирвин или Беар Грилс
Карактеристики: Тен во секое време од годината.
Каде може да се најде: во секој превоз каде дозволуваат поголем багаж
Како да преживеете: Во итни случаи, останете близу до него.
Бонус: патници, новодојденците