Шансите да запознаете личност која премногу личи на вас е и помала од 1 во милион. Славните личности полесно можат да си ги пронајдат двојниците бидејќи нели лесно е да се препознаат, како на пример двојникот на Бред Пит кој можете да го видите тука.
Но, за обичните луѓе ситуацијата е поинаква. За да си го најдете својот двојник треба прилично да се помачите, па дури и иако живеете во ист град потрагата не е толку лесна.
Нијам Гиним од Даблин, си постави предизвик да ја пронајде својата двојничка, без разлика колку далеку треба до оди. Но, испадна дека две нејзини двојнички живеат во истиот град, а таа пронашла и трета која живее во Италија.
„Кога ја запознав Карен мојата прва двојничка првите два часа не си рековме нешто многу. Само се гледавме една со друга во тишина. Навистина е кул, но е чудно.“, вели Нијам. Откако ја запознала Карен отишла и во Италија за да ја запознае Луиза. Потоа, три месеци подоцна, Нијам ја запознала и Ирина која исто така живее во Даблин.
„Мислите дека сте посебни и уникатни и нема никој на светот кој изгледа како вас а потоа запознавате некој што изгледа идентично со вас и сфаќате дека не сте толку уникатни како што мислевте дека сте.“, додава таа.
Но приказната за двојниците Џон Џејмисон и Нил Ричардсон е уште поневеројатна. Нил се преселил во Есекс Велика Британија и приметил дека сите од соседството чудно го гледаат, го поздравуваат иако тој никого не познавал. Потоа се почесто луѓето му велеле „Здраво Џон“. Човекот не можел да им објасни дека тој не е Џон. Дури морал да ја покаже и личната карта за да им докаже. Најпосле го запознал вистинскиот Џон и сѐ му станало јасно.
Но, нивниот изглед не им е единствената заедничка работа. Тие и двајцата сакаат поезија, двајцата учеле за да станат професори на ист колеџ и двајцата започнале да предаваат религија. Сличностите не завршуваат тука. Тие и двајцата ги запросиле сопругите по 2 недели врска и се во брак 50 години. А нивните синови свират на ист музички инструмент.