На забар. Мајката му вели на своето синче:
– Ајде, мамичка… биди умен, отвори ја устата и кажи „а-а-а-а“, за да може чичко заболекар да си го извади прстот…
– Мамо, мамо, јас грда ли сум?
– Колку пати сум ти кажала, да не ми викаш мамо пред луѓето!
Според современиот бон-тон на масата со левата рака се држи виљушка, а со десната… глувче.
Какви времиња дојдоа? Порано со гаќите на жената можеше колата да си ја избришеш, а сега не можеш ниту очилата!
Ако Боки 13 и Фифи се дават, а имате време да го спасите само едниот, каков сендвич ќе си направите?
Кога во Америка жена ќе каже дека ја боли глава – тоа значи не нема да му „даде“ на мажот. Кога жена во Македонија ќе каже дека ја боли глава – тоа значи дека не му „дала“ на мажот.
Стоматолозите после долги години набљудување дошле до следниот заклучок: На луѓето со добро развиена смисла за хумор, често им недостасуваат предните заби.
Маж седнува до непозната жена во барот и започнува да флертува. Таа го прашува:
– Што си зјапнал во мене бе?
– Толку си убава, што нарачав само сок.
И тогаш Бог рече: Ное прави “backup” ќе форматирам!!!