Рич Алоха нуркал во близина на Фостер Фолс, државен парк во Тенеси, кога во еден момент пронашол GoPro камера.
Тој решил да погледне што има во неа и доколку може да го пронајде сопственикот. За среќа мемориската картичка во камерата можела да се спаси и кога ги погледнал видеата момчето му било познато од некаде.
Наскоро Рич сфатил дека станува збор за покојниот Ричард Рагланд кој трагично го загубил животот во близина на водопадот во 2017 година, само неколку дека пред неговиот 23-ти роденден. Родителите и семејството на Ричард биле очајни бидејќи сѐ уште не знаат како дошло до несреќата.
Неговите родители Робин и Гери ги добиле снимките на кои се гледаат последните моменти од животот на нивниот син. На видеата Ричард е среќен, се смее и се забавува со своите пријатели.
Сепак неговите родители сѐ уште не ги изгледале сите видеа и сакаат да го прават тоа полека дел по дел.
Тие велат дека младиот нуркач многу се потрудил за да ги пронајде и дека тоа премногу им значи и бескрајно му се благодарни за мирот кој им го донел.