Сите ние сакаме да си „пазариме“ особено кога ќе ти стигне платата на сметка па се чувствуваме „побогато“.
Како што некој планира колку конзерви туна да си купи за овој месец така и Доналд Трамп си планира да си го купи Гренланд од Данска.
„Дечки што мислите вие за тоа? Мислите ли дека ќе функционира.“, вака Трамп прашал група на соработници, за време на состанокот. Сепак, не е јасно како точно Соединетите држави би успеале да го купат најголемиот остров по двата неуспешни обиди на САД, претседателот Труман да го купи за 100 милиони долари во 1946 година и од страна на Стејт департментот во 1867 година.
Островот од 2.166.086 км2 на леден терен на Атлантикот има околу 56,000 жители, и иако е технички во северноамериканските води, самоуправната земја е културно европска. Со нејзината надворешна и безбедносна политика управува Копенхаген.
За време на размената минатата пролет со советниците, Трамп ја добил идејата откако разбрал дека Данска има финансиски проблеми поради субвенциите што ги плаќа на Гренланд. Гренланд се потпира на 591 милиони долари субвенции од Данска на годишно ниво, кои сочинуваат околу 60% од неговиот годишен буџет.
САД веќе имаат воздухопловна база во Гренланд, која е дел од најнапредниот систем за рано предупредување на балистички ракети и систем за следење сателити. Се верува дека освен од оваа причина Трамп и САД ја сакаат територијата поради скриените природни ресурси. Што мислите дали и Гренланд ќе треба да го „спаси“ Америка?