Најчесто мажите одат на риболов за да избегаат од секојдневните обврски, да поразговараат со пријателите и да „избегаат“ од сопругите.
Сега риболовството доби сосема поинаква слика од досадното чекање со часови нешто да се фати. 24-годишната Емили Риемер е „рибарка“ и таа не се плаши од големите риби.
Таа има над 139.000 следбеници на Инстаграм и своите улови ги презентира на прилично „привлечен“ начин за сите љубители на овој спорт. Таа патува низ морињата со Кингсмен Фишинг и се фали со улови кои тежат и по 100 килограми.
Емили вели дека таа не мора да оди на фитнес бидејќи риболовот е тежок и сам по себе тренинг. Освен што е професионален рибар, Емили свири на виолончело и настапувала во Линколн центарот и Карнеги Хол.
Таа вели дека нејзината работа е и опасна, а тоа најдобро го сфатила откако добила лузна минатата година обидувајќи се да улови една риба. Но, таа вели дека си ја „сака“ лузната затоа што ја потсетува колку е напорна, но и возбудлива оваа работа.
Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.