Луѓето се спремни да дадат пари за секакви работи, зависи секако колку им е голема љубовта и длабок џебот за вакви луксузирања.
Еден обожавател на Покемон не жалел кога исчеширал 107.000 долари за Покемон карти. Што е посебно кај овие карти?
Епа, за обичните луѓе нема ништо посебно во нив, но за фанатиците на Покемон овие 103 карти се од првата серија и меѓу нив има и прво издание на холографски Чаризард.
Очигледно е невообичаено ретко да се дојде до карти со совршен рејтинг на Gem Mint, бидејќи дури и оние свежо извадени од печатницата може да бидат малку оштетени или несовршени на некој начин. За целиот комплет да биде оценет како совршен по 20 години е навистина нешто. Нешто за кое што луѓето плаќаат 107.000 долари да бидеме попрецизни.
Неодамна, неверојатно ретка карта беше продадена за 60.000. Но, за жал се изгубила во поштата. Новиот сопственик нуди и награда за оној кој ќе му ја врати безбедно картичката.