– Колега, нели бевте во Грција на одмор, зошто се враќате толку бели?
– Ни ги одраа кожите!
– – – – – – –
– Колку години си?
– Дамите никогаш не се прашуваат за годините!
– А колку кила си?
– Добро де, 33 години сум…
– – – – – – –
– Синко, јаде ли?
– Мамо, јас сум женет!
– Затоа прашувам.
– – – – – – –
На сајт за запознавање:
– Вие какво тело имате?
– Спортско.
– Спортско, супер. А со каков спорт се занимавате?
– Сумо.
– – – – – – –
Бараш одмор во Грција?!
– ТРИ-ВА-ГО!”
Ги гледаш цените…
– Е-БА-ГО!!!
– – – – – – –
– Комши, што ќе биде ако јас и го ставам на жена ти?
– Ќе биде 5:1 за менe…
– – – – – – –
– Еее, колку добро би ми дошоол еден сладолед на ова пеколно жешко време!!!
– Повелете, кажете?!?!
– Три пива…
– – – – – – –
– Ти зготвив вечера. Хамбургер од тофу со сос од брокула и киноа. Да ти приготвам ли нешто друго?
– Куфарите!!!
– – – – – – –
– Знаеш ли англиски?
– Како куче.
– Како така?
– Се разбирам, но не можам да ти одговорам…
– – – – – – –
– Келнер, отвори едно пиво!
– Готово 200 денари.
– Ааа не, затвори го!