Пиерик Сејбалд е бестрашен во својата потрага да се разбуди и да застане пред еден од најголемите морски предатори на природата.
Всушност, 34-годишниот нуркач заработува за живот така што ги носи луѓето да пливаат до длабокото сино море покрај водите на Француска Полинезија заедно со застрашувачкото морско суштество познато како ајкула-тигар.
Именувани по темните вертикални ленти, кои се наоѓаат главно на малолетничкото население, овие ајкули се големи и добро познати како „гурмани“ за човечко месо. За разлика од големата бела ајкула, ајкулата-тигар најчесто не го пушта пленот откако ќе го гризне. Ова не е ризик кој би го преземале многу луѓе.
Но за овој нуркач пливањето со ајкули е секојдневна работа. Зачудувачките фотографии и видео од човекот наречен „шептач на ајкули“ покажуваат како нуркачот ги насочува ајкулите и ги смирува само со еден допир.
Сликите, направени од фотографот Кам Грант, ја прикажуваат убавината на природата, истовремено испраќајќи морници по ‘рбетот на секој кој ќе ги погледне.
Динамичните фотографии направени длабоко во морето го прикажуваат сопственикот на „MoanaMoana Tours“, Пиерик Сејбалд како бестрашно плива меѓу гладните ајкули.