Велат дека никогаш не треба да си ги запознаете хероите, но на едно дете му се исполни сонот кога ја гушна легендата од Ливерпул, Мохамед Салах, дури иако тоа скапо го чинеше.
Луис Фаулер не можел да ја контролира возбудата кога го забележал египетскиот фудбалер во неговиот автомобил додека си заминувал од теренот за тренинг во Мелвуд. Тој и неговиот 10-годишен брат Исак кружеле околу местото со надеж дека ќе ја видат нивната омилена фудбалска ѕвезда.
Во еден момент се појавил Салах во своето Бентли, а 11-годишниот Луис почнал да трча по автомобилот со цел да му го привлече вниманието. Така малото момче се залетало во бандера и паднало во несвест.
Салах ја забележал несреќата и решил да се врати за да провери дали момчето е во ред. Кога се освестил Луис околу него освен брат му и неколку луѓе од соседството, го забележал и Салах.
Луис и Исак веднаш наоравиле фотографија со Салах и очигледно оваа среќа ја надминала болката од скршен нос. Салах дури и се извинувал за тоа што се случило, иако не било воопшто негова вина.
Таткото на Луис и Исак ги објавил на Твитер фотографиите заблагодарувајќи му се на познатиот фудбалер нарекувајќи го „Египетски крал“.