6-годишно грижливо момченце од Вирџинија одлучи да му го исецка компирот на неговиот стар прадедо и да му помогне да јаде. Малиот Колтон Кит внимателно го храни 79-годишниот старец кој страда од деменција и не може да се грижи за себе.
Според неговата мајка Кит секоја вечер вака постапува со неговиот дедо и ова е само еден од многуте гестови со кои му помага и покажува дека се грижи. Неговата 28-годишна мајка во видеото му дава инструкции на синот и му вели дека е горда на него.
„Мојот дедо Френклин живее сам, но не е во состојба да се грижи за себе, затоа секој ден одиме во неговата куќа. Колтон секогаш сака да дојде со мене. Исто така, му помага да пие вода, го турка наоколу во инвалидската количка и му ги обува чевлите. Тој постојано сака да помага и тоа ме прави горда. Фактот дека тој е подготвен да го стори тоа на шестгодишна возраст, го допира моето срце.“, вели гордата мајка.