Кога станува збор за свадби, пред-свадбената фотосесија стана тренд кој многу парови не го пропуштаат. За брачна двојка од Кампо Гранде, Бразил, нивната фотосесија не само што тие ќе ја паметат до крајот на животот туку и сите луѓе низ светот.
Она што требаше да биде лична фотосесија стана интернет сензација кога 32-годишниот бизнисмен Алфредо Гарсија да Силва и 26-годишната адвокатка Џојс Сабино решија да го донесат своето куче Тор на фотосесијата. Кученцето кое има само 9 месеци целосно го освои Интернетот со неговите смешни фотографии кои станаа вирални на социјалните мрежи.