Некои пицерии ветуваат дека ќе испорачаат за 30 минути или помалку, но очигледно дека тоа не било доволно брзо за петгодишно момче од Флорида, кое утврди дека неговата потреба за сирење била итен случај и затоа се јавил во полиција за да си нарача пица.

Мани Бешара се јавил во полиција во моментот кога неговата постара 15-годишна сестра Мадона ја напуштила собата за да му подготви житарици. Како и да е 5-годишниот палавко не бил расположен за житарици и кога Мадона се вратила во собата го начекала помалото братче со телефон во рацете.

Во аудиото од повикот на Мани до полицијата, момчето вели: „Сакам да ми донесете пица ве молам, гладен сум.“ Кога неговата сестра сфатила дека се јавил во полиција испаничила и ја спуштила слушалката.

Тројца службеници одговориле на повикот и го исполниле барањето на Мани и му однеле голема пица. Тие за време на посетата на семејството му објасниле на детето дека не се порачува пица од полицијата и му одржале час за важноста на сериозните повици до полицијата.

Мани, Мадона и нивната мајка наредниот ден во знак на благодарност за неверојатната рекација на полицајците однеле 3 пици во полициската станица.

Сподели на Facebook
пати видено