Сите имаме некој предмет со кој сме посебно приврзани и чувствуваме дека не можеме да живееме без него. За некои тоа е старо кебенце или пак накит кој се пренесува од колено на колено.
Но, во некои случаи, ова мало нешто може да биде многу позначајно и да предизвика повеќе проблеми од другите, и покрај тоа што не е нешто од голема вредност. Токму ова се случило во семејството Дубин, кога едно аутистично момче ја изгубило единствената чинија од која што јадело.
Тамара Дубин направила една ненамерна грешка. Таа случајно ја скршила чинијата на нејзиниот аутистичен брат и се нашла во неволја бидејќи не можела да ја најде никаде на интернет за да ја купи, а тој сакал да јаде само од таа чинија.
Таа побарала од корисниците на Редит да ѝ помогнат да ја најде чинијата и дека е спремна да плати колку што е потребно за неа. На чинијата ги имало омилените ликови на Даниел од анимирана серија.
Луѓето со аутизам често не можат да комуницираат на ист начин како што прават другите луѓе и затоа буквално имаат посебни потреби. Тоа значи дека понекогаш тие бараат одредени работи за да го сторат тоа. Во случајот со Даниел, анимираните ликови се од огромно значење, бидејќи тој комуницира користејќи реплики од серијата. Затоа и чинијата му е еден вид на комуникација. Тој дури и не можел да дочека да ја измијат чинијата за да може да ја користи.
Иако родителите на Тамара и Даниел не се надевале дека нејзината идеја ќе успее, за среќа сѐ завршило во најдобар ред. Објавата ја видел Форест Маркхам кој очигледно ја имал оваа чинија како дете и веднаш се обратил на неговата мајка. Таа сѐ уште ја чувала чинијата и веднаш ја спакувала и испратила до адресата на Даниел, секако бесплатно.
Ова е навистина среќен крај за малиот Даниел!