Уште во 2003 година, 16-годишната ученичка од Велика Британија Кали Роџерс освоила 1,8 милиони фунти (околу 2 милиони евра или 125 милиони денари). Така, таа станала најмладиот добитник на џекпот во Британија и била во центарот на сите медиуми во тоа време. Се чини дека толкава сума на пари би биле доволни за неколку животи, но младата Кали успеала да ги потроши за само неколку години. Таа им подарувала вредни подароци на сите пријатели и познаници и не заборавала на сите свои желби. Така, во 2009 година, таа останала без скршена пара.

Од тогаш па до ден денес, Роџерс аапелира да ја зголеми минималната возраст за учество во организирано коцкање барем на 18 години. Таа вели дека тинејџер не може да се справи со толку неверојатна сума пари што буквално му паднала на главата. Таа ги потрошила сите пари на разни подароци, им давала заеми на луѓето, купувала наркотици, а си направила и операција за зголемување на градите.

„После добивката, веднаш се преселив од детскиот свет во возрасниот. Добив многу имагинарни пријатели. Ми бараа заеми за нови автомобили, а јас не можев да ги одбијам заради мојата наивност. Секако, никој не ми врати ништо“, вели Кали.

Кали го запознала својот иден сопруг неколку недели откако фабулозно се „збогатила“. Пред судбоносната добивка, таа работела како продавачка и заработувала скромна сума на пари, но по освојувањето на лотаријата, дваајцата се преселиле во бунгалов вреден 180 илјади фунти. Но, среќниот семеен живот не успеал, тие се развеле по 5 години. Главната причина за разводот бил обид за самоубиство, што Кали го направила поради зависноста од дрога.

Како што признала девојката, таа потрошила најмалку 250 илјади фунти на дрога. Во еден момент социјланите служби дури и ги одзеле и децата, а во обид да си ја врати самодовербата, таа потрошила 17 илјади фунти на мамопластика, серија пластични операции за враќање на формата на градите, особено после раѓањето деца.

Откако успеала да се спушти на земја, сега Кали води многу скромен начин на живот, заработува само 12 илјади фунти годишно како медицинска сестра, но тврди дека е навистина среќна.

Компанијата Камелот, која беше организатор на фаталната лотарија, рече дека таа не ги искористила нивните финансиски и правни совети.

„Како и да е, и помогнавме да се справи со притисокот на медиумите и подготвени сме во иднина да ѝ ја обезбедиме целата неопходна поддршка“, велат од компанијата.

Сподели на Facebook
пати видено