Инцидентот се случи околу 9:40 часот во петокот наутро на метро станицата Аргелес, во центарот на Мадрид. Додека возот се приближуваше до станицата, еден млад човек наеднаш го удри дечкото, со карате удар од позади.
И покрај ненадејноста на нападот, 23-годишникот изреагира бргу и се преврте во празнината на страна од шините.
Она што не се гледа на видеото е што меѓу патниците настанала паника, но некои од нив го задржеле напаѓачот и го запреле да не бега, додека да дојде обезбедувањето и да го приведе.
Никој не забележал претходна расправија или некаков друг контакт на двајцата учесници во инцидентот.
Шпанската полиција изјави дека ова не му бил прв ваков инцидент на напаѓачот. 30-годишниот бразилски државјанин Бруно и порано извршувал вакви бесмислени напади, без никаква причина. Во јуни бил уапсен затоа што фрлал мебел од својата тераса во Мадрид. Исто така во јуни истепал и сопственик на еден бар. Во јули повторно бил приведен затоа што фрлил запалена цигаара во полициски автомобил. Според полицијата, веројатно човекот има психички проблеми.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!