Мајчинските инстикти на делфините се добро познати, бидејќи тие со години се грижат за своите најмили додека да ги подготват за „возрасниот живот“. Еден делфин покажа колку е грижлив и мајчински овој вид, прифаќајќи едно необично сираче, кое останало само на овој свет.
За овој случај се вели дека е првиот случај од ваков вид, при што посвојувањата се релативно ретка појава кај дивите цицачи. Во случаи кога цицачите посвојуваат малечките се од нивниот вид. Но, во овој случај не е така.
Истражувачите успеале да потврдат нешто што го луѓето го забележиле пред некое време. Див делфин се движел низ водата со своите две деца. Едното делфин, а другото бебе кит.
Делфините имаат шилест нос додека бебето кит имало краток и тап, сепак ова не ја спречува мајката да се грижи за него како да е нејзино. Мајката-делфин им е позната на истражувачите како прилично „толерантна“ бидејќи не се плаши од нуркачите кои ѝ се доближуваат.
Научниците забележале и дека бебето кит почнало да се однесува како делфините, за да се вклопи, а можеби и самото животно мисли дека е делфин. Често учествува во активности како што се скокање од водата.
Мајката и нејзиниот посвоен син останале заедно и откако нејзината биолошка ќерка исчезнала поради непознати причини на возраст од 1,5 година.