Шокантните фотографии ги покажуваат работниците и спремните жители кои очајно се обидуваат да го соберат ѓубрето додека започнуваат огромната сесија за расчистување на реката Бахагија во Бекаси, Западна Јава.

Пластиката која се наоѓа во реката со месеци ја загадува истата, привлекувајќи собирачи на пластика кои ја продаваат на фабрики за рециклирање.

Се смета дека голем дел од отпадот е домашен, сепак Индонезија е сосед со другите југоисточни азиски нации кои прифаќаат увезено ѓубре од богатите западни земји како Велика Британија.

Фотографиите предизвикаа глобална загриженост поради пластичното загадување што го затнува протокот на вода во регионот. Полицијата, војската и локалните доброволци се организирале за заеднички да го решат овој проблем.

Тимовите го собирале ѓубрето во кеси и потоа ги ставале во камион за ѓубре, но ги чека уште многу работа бидејќи се проценува дека во реката има над 400 тони ѓубре.

Се верува дека ѓубрето дошло во реката низводно и некако останало заробено во Бахагија, која на локалното население им е позната како Кали Буса или „река од пена“.

Процесот на расчистување е уште потежок од предвиденото заради 204 бараки долж брегот на реката, што им отежнува на службениците да користат тешка машинерија во тој процес. Коритото со должина од 1,5 километри е исполнето со не-биоразградлив домашен отпад во последните пет месеци, со материјали како што се пластични кеси, шишиња и полистирен.

Сподели на Facebook
пати видено