Кристина Сетани патувала на автопатот 408 во Флорида. Таа доцнела на работа и ова не била нејзината секојдневна рута.
Во еден момент забележала нешто од што и застанало срцето. Маж седи на работ на надвозникот и се спрема да скокне и да си го одземе животот.
Таа се шокирала кога забележала дека никој не застанува да се обиде да му помогне, затоа таа решила да ги земе работите во свои раце: „Застанав затоа што сум била на неговото место. Знам како е да се застане на работ и да се чувствуваме како тоа да ни е единствена опција. Му требаше некој да му покаже дека некој се грижи доволно за да застане и да каже ‘Не треба да го направиш ова денес’. Имаше момент кога се поместив напред и направив движење кој него во стилот ‘Ти одиш, јас одам’.“, објаснува Кристина.
Во обид да го утеши човекот, кој не е именуван, таа му кажала стихови од една од нејзините омилени песни на Linkin Park: One More Light. Подоцна пристигнала полицијата, го тргнала човекот од работ и го однеле во болница за душевно болни.