Жена која наполни 107 години верува дека една од најважните тајни на долгото живеење е тоа што никогаш не се омажила.
Луис Џин Сињор од Бронкс, Њујорк, придружена од повеќе од 100 гости, го прослави својот 107-ми роденден во Центарот на заедницата Бартоу.
Таа е родена во 1912-та година, истата година кога легендарниот Титаник потона, а Вилијам Тафт стана претседател на САД.
Луис живее во Бронкс уште од нејзината 14-годишна возраст, а денес како 107-годишна старица се разликува од нејзините врсници, бидејќи сама си ги извршува сите дневни обврски, не е е во инвалидска количка, ниту пак користи помош од бастун, а прима само лекарства за крвен притисок.
Горда на своите италијански корени, Луис верува дека добрата домашно приготвена храна со многу овошје и зеленчук, без газирани пијалоци и благо, одиграле клучна улога во нејзината долговечност и виталност. Но, пред сè таа верува дека еден друг клучен фактор значително го намалил стресот и успешно ја одржувал во живот цел век.
„Мислам дека тајната на моите 107 години е тоа што никогаш не се омажив. Тоа мислам дека е токму тоа е тајната. Мојата сестра често ми вели дека посакува никогаш да не се омажела.“- изјави Луис за Си-би-ес.
Откривајќи и други совети за долговечност, таа додаде: „Италијанска храна. Таа е многу добра за вас. Јас бев одгледана со добра квалитетна храна, без газирани пијалоци и торти.“
По повод нејзиниот 107-ми роденден, Луис беше облечена во нежно розов костим и пленеше со весела енергија.
Таа денот го поминува практикувајќи умерени вежби, а по ручекот се собира да игра бинго заедно со своите пријатели, кои веруваат дека и нејзиниот сарказам и одлична смисла за хумор имале влијание за да старицата живее толку долго.