Додека Хоакин „Ел Чапо“ Гузман „скапува“ во затворот во Колорадо кој го споредуваат со пекол, неговата гламурозна сопруга Ема Аисперо Коронел ужива во Италија.

Со Саботата, Коронел сподели фотографија на нејзиниот Инстаграм профил, уживајќи во поголедот додека плови во гондола, во близина на мостот Риалто, во Венеција.

Дека не е многу загрижена тоа што нејзиниот сопруг наредните 30 години ќе ги помине зад решетки, докажува и фотографијата која ја објави минатата недела, фотографирајќи кафе и парче торта во Старбакс, а во описот додаде: „Каква диета?“

Нејзиното луксузно патување следуваше веднаш откако на Ел Чапо беше осуден на доживотна казна затвор + 30 години.

Истовремено повеќе е фокусирана на линијата за луксузна облека што ја лансираше, од која исто така споделуваше фотографии на социјалните мрежи.

За разлика од Коронел, по пресудата, нејзиниот сопруг т.е наркобосот е преместен во затвор во Колорадо, со максимална безбедност, а затвор за кој и неговиот поранешен управник вели дека е „полош од смртта“

Сподели на Facebook
пати видено