Прилепска Пиварница прославува 95 години од своето постоење, со лансирањето на Златен Даб Classic, првото и единствено македонско пиво со 100% јачменов слад, што е воедно и продолжување на стратегијата на Пиварницата за постојано инвестирање и збогатување на портфолиото.
Златен Даб Classic е сосема ново пиво, произведено според врвни стандарди за квалитет, во високо контролирани услови, со најсовремена пиварска технологија. „Новата класика“ како што Прилепска Пиварница го промовира својот најнов производ им е наменет на вистинските љубители на автентичен вкус. Новата амбалажа и новиот дизајн исто така ги пратат светските трендови и го истакнуваат како премиум пиварски бренд.
Од денес, Златен Даб Classic е достапен во маркетите и угостителските објекти ширум земјата, така што фановите имаат веднаш можност да се запознаат со новиот вкус на „новата класика“.