Британскиот тинејџер кој освои речиси 2 милиони евра на турнирот за видео играта, изјави дека е пресреќен бидејќи им покажал на своите родители т.е на неговата мајка дека не го трошел своето време залудно затворен во својата соба.
„Јас и мајка ми, ние двајца постојано се караме. Таа не разбираше како играта функционираше, па отсекогаш сметаше дека си го трошам своето време залудно со тоа што поминувам по 8 часа дневно затворен во својата соба. Сега го докажав спротивното и сум пресреќен поради тоа“- изјави Џејден за Би-би-си.
Неговата мајка Лиза Далман воопшто не била среќна што нејзиниот син поминувал премногу време играјќи Фортнајт и како и секој родител секогаш се обидувала да преземе нешто во врска со тоа.
„Со Џејден како да имавме кошмар. Постојано се расправавме, дури му го имам фрлено и Xbox-от, слушалките, сè. Да бидам искрена со вас, отсекогаш бев против тоа играње и секогаш го притискав за училиштетот“- вели Лиза.
15-годишниот Џејден Ешмен, од Есекс ќе подели ќе ја подели милионската награда со својот холандски партнер Деј Јонг, откако парот го освои второто место на првиот Светски куп на Фортнајт.
Џејден се натпреваруваше под името Волфиз, за време на тридневниот настан кој се одржа на тенискиот стадион „Артур Еш“, во Њујорк.
Првото место му припадна на 16-годишниот американски тинејџер Кајл Гиерсдорф, од Пенсилванија, кој дома си замина со неверојатни 3 милиони евра.
На турниот учествува претставници од повеќе од 30 земји, а истите се натпреваруваа во парови и во тимови од по 4 учесници.
Онлајн видео играта ја стекна својата популарност пред 2 години, а според статистиките повеќе од 250 милиони луѓе ја играле истата.