10-годишното момче наишло на извонредно откритие во Вторникот, додека си играло близу до насип, во градот Хејан, во кинеската провинција Гуангдонг.
Момчето по име Џанг Јанџе се обидувало да пронајде алати со кои би можело да крши ореви, кога наишол на необичен камен, за кој сметал дека изгледа неверојатно посебен.
Џанг бил придружуван од својата мајка, додека си играл покрај реката Донг. А кога го здогледал каменот, помислил дека на неговата површина има чудни кругови.
„Тогаш ја повикав мајка ми и помисливме дека каменот изгледа како јајце на диносуарус“- вели Јанџе.
Всушност обичниот камен не бил толку обичен, а сомнежите на младото момче подоцна ги потврдиле и експертите од „Хјуаан“, музејот специјализиран за диносауруси, дека навистина се работи за фосилизирано јајце на диносаурус.
По ископувањето, биле пронајдени уште 10 јајца на диносауруси, кои најверојатно припаѓале на исто гнездо. Секое од јајцето е долго по 9 центиметри, а Хуанг Донг поранешниот директор на музејот, потврдил дека јајцата потекнуваат од доцниот креда период.
Мочето веднаш се посомневало дека станува збор токму за јајца од диносаурус, бидејќи тоа ја обожава науката, особено диносаурусите и уште како мал веднаш ги запаметил шарите на јајцата кои ги гледал и проучувал низ фотографиите во книгите.
Инаку кинескиот град Хејан, со население од 3 милиони жители се смета за „Дом на диносаурусите“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.