Најверојатно се сеќавате на бездомниот портокалов мачор го спаси уличниот музичар и го прослави низ целиот свет.

Но, и покрај среќниот крај, нешто отсекогаш фалеше во срцезатоплувачката приказна која Џејмс Боуен ја пишуваше за протокаловиот скитник кој му го спаси животот од бездмоништво и го ослободи од зависноста од дрога.

Џејмс и неговиот верен крзенен пријател Боб станаа светско познати благодарение на серијата најпродавани книги и наградуван филм, инспирирани токму од ова необично пријателство, кое го поттикна Џејмс да тргне на вистинскиот пат, на патот кон успешното закрепнување.

А меѓу нивните светски турнеи и живот исполнет со живот со бројни обврски, ниту Боб ниту Џејмс немаа време за љубов и романтични врски, сè досега.

Не само што сега Џејмс ја пронајде љубовта на својот живот по долги години справување со отсуство на љубов, но и му се посреќи и на портокаловиот мачор. Односно Џејмс сега е во романтична врска со Моника, која пак е сопственичка на мачката Пом Пом.

На почетокот од овој месец Џејмс ја запроси Моника, а вљубените парови сега живеат заедно во домот на Џејмс, каде што, како што може да претпоставите, собите се исполнети со милиони играчки за крзнениот пар.

„Сакај ме мене, сакај го мојот мачор“- било отсекогаш мотото на Џејмс, а неговата избраничка знаела дека доколку сака да го освои срцето на славниот музчар и писател, ќе мора најпрво да го освои срцето на Боб. За нејзина среќа, крзнениот Купидон веднаш ја засакал.

„Првиот пат кога го посетив Џејмс во неговиот дом беше воедно и првпат кога се запознав со Боб. Прво ме помириса, а потоа веднаш ми дојде во скут, сакаше да го галам.“- вели Моника.

Тие всушност сега се толку блиски, што секое утро мачорот најпрво ја бара Моника за да се гали, отколку Џејмс.

Сподели на Facebook
пати видено