Турист, Муслиман изнајмил приватна вила во Бали со своето семејство. Откако неколку локални жители дошле да си одмараат на јавната плажа, до нив дошол малиот син на човекот и ги прашал што прават тука. Тие му кажале дека се сончаат, а веднаш потоа се појавил и таткото и почнал да ги навредува.

Тој мавтал со нож и им велел дека тој ја изнајмил целата вила и плажата. Луѓето се обидувале да му укажат дека плажата не е приватна туку јавна. Но, тој им велел дека тој и неговото семејство се Муслимани и дека не сака неговата жена да гледа „голи мажи“, кои всушност биле соодветно облечени за на плажа.

Локалците повикале полицаец, а потоа и сопственикот на вилата. Човекот заедно со останатите негови 8 членови на семејството бил избркан од вилата. Тој се обидувал потоа да се извини, но сопственикот на вилата не го прифатил тоа.

Сподели на Facebook
пати видено