Ако некогаш сте се најде во главниот град на Тајланд, Бангкок, не пропуштајте да ја пробате прочуената супа со говедско месо и тестенини на еден мал ресторан. Ресторанот ја подготвува супата по рецепт кој се користи цели 45 години. Локалните жители се луди по вкусот на ова јадење. Но, начинот на подготовка за многу туристи може да предизвика шок.
„Трикот“ на супата е во тоа што сечкано говедско месо, чкембе и други органи се додаваат во котелот со супа секој ден, а супата што ќе остане не се фрла, туку се користи како основа за супата за наредниот ден. Овој процес нкогаш не престанал многу години. Сепак, пред да решите да ја пробте, можеби ќе сакате да погледнете како изгледа. Bon Appétit!