Даниел Кореа е гордиот татко на Луна, петгодишно девојче, за кое што се грижи сам. Во 2016 година, неговата сопруга, Стела Нолето, ја изгуби својата долга битка со лупус.

Ова го остави семејството уништено. Сепак, Даниел и Луна успеале да ја надминат болката и неодамна ѝ оддадоа почит на Стела и на сите мајки, правејќи нешто навистина восхитувачко.

Тажно збогување

Во 2016 година, Даниел ги сподели тажните вести со своето семејство и најблиските пријатели дека неговата сопруга Стела, починала. „Ветив дека ќе бидам најдобар татко на светот, и јас сум. Можам само да ти се заблагодарам за најдобрите 8 години од мојот живот. Јас ќе те сакам засекогаш.“, напишал Даниел во проштална објава за својата сопруга.

Ветување кое морал да го исполни

Неговата порака не била напишана залудно. Даниел веднаш станал одговорен за да ѝ ја даде на Луна, неговата ќерка, целата љубов и сила што ѝ била потребна за да ја надминат оваа болна загуба. Набргу потоа, и таткото и ќерката почнале да одат на прошетки заедно, да се забавуваат на авантури заедно, и да создадат незаборавни моменти.

Тој сакаше да ѝ ја исполни желбата

Во 2019, Луна имала идеја. Таа го замолила татко да се трансформира во мајка за еден ден, за да може да ужива во танцот кој го одбележува Денот на мајката во нејзиното училиште. Во почетокот, нејзиниот татко не бил толку сигурен за тоа. Тој посочил дека можеби треба да оди со бба ѝ или тетка ѝ наместо тоа. Но Луна инсистирала за тоа дека сака да оди со него на крајот го убедила дека е најдобриот кандидат кој ќе се приклучи на настанот.

Тој се трансформира во мајка за еден ден да ужива во Денот на мајката со својата ќерка

„Со очите полни со солзи, Луна ме замоли да бидам нејзина мајка еден ден. Таа ме замоли да ја насликам мојата брада розова и да носам русокоса перика, исто како косата на нејзината мајка“, сподели 33-годишниот татко, кој успеа да се придржува кон секое барање што го направи неговата ќерка.

Тој го направи она што беше потребно за да види насмевка на лицето на својата ќерка

Младиот Бразилец ја споделил приказната на Инстаграм и ги замоли луѓето да не го осудуваат пред да ја прочитаат неговата приказна. Тој исто така додаде: „Сакам да ја оставам следнава порака: Смртта е неизбежна, но ние не треба да поминуваме низ ова во тага. … дали се согласувате? Луна, те сакам! Беше бесценето да се види ансмевката на твоето лице кога ме виде облечен како ‘мајка’“

Сподели на Facebook
пати видено