Како од лошо да стане полошо? Лошо е ако пренесувате скоро 300 килограми дрога, но полошо станува кога ќе ве фатат на најсмешниот можен начин.

26-годишен човек од Австралија го знае тоа од прва рака.  Тој си го возел белото комбе и некако успеал да удри во паркирани автомобили и тоа не било какви.

Генијалецот удрил во паркирани автомобили пред полициска станица во Сиднеј. Кога сфатил што направил го оставил комбето и се фрлил во бегство. Полицајците првин биле запрепастени од самиот чин некој да удри во паркирани автомобили пред полициска станица, но шокот станал поголем кога погледнале внатре во комбето.

Главниот инспектор Глин Бекер изјавил дека полицијата била „екстремно изненадена“ кога пронашле 273 килограми „мраз“ односно метамфетамин во внатрешноста на комбето.

Во возилото имало 13 запечатени кутии, а во секоја кутија имало 21 килограм кеси со метамфетамин, најчесто нарекуван мраз. Инспекторот додад дека ова најверојатно е најлесната заплена на дрога која полицијата на Австралија некогаш ја имала, буквално им ја однеле пред врата.

По еден час бил уапсен и возачот на комбето и се очекува да се спроведе детална истрага во врска со овој случај, иако сѐ уште не е разјаснето како и зошто удрил со комбето во полициските автомобили. Дрогата пронајдена во комбето на пазарот ќе достигнела вредност од околу 200 милиони долари.

Сподели на Facebook
пати видено