Господ гледа! Отецот Оскар Дијаз од Калифорнија бил фатен на дело со парите што ги крадел од верниците, во моментот кога полицијата дошла да помогне откако доживеал сообраќајна незгода.

Во неговиот автомобил биле пронајдени кеси во кои што вкупно имало над 20.000 долари.

Сепак ова не било сѐ. На полицајците им било сомнително па решиле да го истражат „Божјиот човек“, кој тогаш бил во болница на операција затоа што имал фрактура на колкот. Во домот на свештеникот имало над 80.000 долари скриени по куќата.

Кога полицијата го прашала од каде му се парите „чесниот“ човек одговорил дека тоа му е од заштедени плати.

Парохјаните биле шокирани од вистинското лице на Оскар велејќи дека го познаваат свештеникот над 20 години и ниту во еден момент не помислиле дека нивните донации не завршуваат на вистинското место.

Сподели на Facebook
пати видено