1-годишната Скај мирно спиела во нејзиниот дом во Кидапаван, Филипини, кога смртоносната змија влегла во градината и се доближувала кон влезната врата.
Видеото од надзорните камери покажува како нивните две храбри кучиња ја штитат територијата и се приближуваат пред да започнат напад кон смртоносното животно.
На снимката може да се види како 2-годишната Мокси веднаш брза кон змијата да ја запре, а потоа 4-годишната Мајли започнува напад врз животното и го гризе. Кобрата потоа се обидува да дојде до влезната врата, но кучињата ја чувствуваат опасноста, трчаат по неа ѝ ја гризат опашката обидувајќи се да ја одвлечат од куќата и просторијата каде што Скај спиела.
Ниту едно од кучињата не се откажало и по кратката борба кобрата престанала да мрда и умрела. Во времето на инцидентот, таткото на Скај, Џејми Селим, рекол дека тој и неговата сопруга, Паи, биле на работа. Сепак, неговата ќерка спиела дома, додека ја чувала дадилка. Тој вели дека се шокирани, но и горди на своите кучиња.
Трагично, Мајли умрела како резултат на нејзините повреди, откако била гризната од кобрата, една од најпознатите отровни змии во светот. За среќа, Мокси преживеала, но ослепела од отровот на змијата од кој била погодена во лицето.