Кралската канадска полиција одржа конференција каде што ги споделиле деталите за двојно убиство, на 24-годишната Американка Чања Ноел и 23-годишниот Австралијанец Лукас Робертсон Фаулер кои биле пронајдени мртви на автопат во текот на минатата недела.
Настанот бил сериозен, мрачен и тажен, како што се и очекувало, но оние кои го гледале преносот во живо на Фејсбук не можеле да се воздржат, а да не се насмеат. И за ова има оправдана причина.
Полицајката која зборувала за случајот добила симпатични розови уши, откако некој по грешка го вклучил филтерот за мачка на Фејсбук. Откако јавноста ѝ го привлекла вниманието на полицијата, тие дале објаснување: „Да, ние сме свесни и тоа се случи затоа што беше автоматско подесување. Ви благодариме, наскоро ќе исправиме и ќе испратиме видео.“
Сега можеби не сме експерти за оваа област но филтерот може да се отстрани со едно движење на прстот низ екранот. Очигледно полицијата не успеала да ја реши оваа „мистерија“ па затоа снимиле сѐ од почеток. За да не се чувствуваат лошо истото им се случи и на политичарите од Пакистан, кои можете да ги видите тука.