Ломфонтен Ломфонтан од Тајланд, е горд сопственик на прекрасен мачор по име Ачи, а пред некое време одлучил да постави камера во неговата куќа за да може да внимава на него додека е на работа.
Сепак како што се покажало, најпалавото и потенцијално смртоносно однесување на Ачи, не се случувало додека момчето било на работа, туку дури кога ќе потоне во длабок сон.
Сопственикот вели дека еден ден решил да ги прегледа снимките и открил дека Ачи скоро секоја ноќ си има навика да си легне врз лицето на својот сопственик. Ломфонтен вели дека е навикнат на милување од страна на неговиот мачор, но не и од опасноста да биде задушен додека спие.
На видеото се гледало како Ачи полека и нежно се качува на градите на својот сопственик, се осигурува дека е во длабок сон, а потоа се сместува на неговото лице. Сигурни сме дека мачорот сакал да биде што е можно поблиску до човекот кој го сакал, но неговата љубов е загрижувачко опасна.
Плус мачките се познати по нивната „темна страна“ така што Ачи можеби има скриени намери, каде што се фокусира да стане глава на домаќинството.
Сепак на Ломфонтен сето ова му е прилично смешно и тој вели дека нема да направи ништо за да го спречи својот мачор од ваквите ноќни милувања.