Рането и тажно куче пешачело 200 километри низ руските шуми полни со кафеави мечки и волци очајно барајќи ја сопственичката која го напуштила. Мару, едногодишниот Булмастиф бил предаден од неговата сопственичка откако таа тврдела дека повеќе не може да се грижи за него.
Кучето тогаш било испратено со Трансибирски воз до шинтерницата каде што било и родено. Но, лојалниот Мару избегал кога возот што се упатил кон Запад во Новосибирск застанал на оддалечена станица во близина на Ачинск, користејќи ги своите шепи за да ја отвори вратата на купето и да се врати кај сопственичката која се откажала од него.
Персоналот кој се грижел за кучето во возот го барал околу станицата и го довикувал по име, но сето тоа било неуспешно. Сопственичката на шинтерницата, Ала Морозова организирала потрага по кучето и на социјалните мрежи објавила фотографија од него за оној кој ќе го препознае.
Неверојатно, два и пол дена подоцна, исцрпеното и повреденото куче било пронајдено во индустриски имот близу до домот на сопственичката која се откажала од него. Отфрленото куче имало и „солзи“ во очите.
Мару внимателно ја следел Трансибирската железничка пруга – најдолгата во светот – кон исток и поминал 200 километри низ дива природа откако избегал од возот.
„За среќа ниту мечки го изеле, ниту волци го повредиле. Тој беше многу уморен, неговите шепи беа скршени. Муската му беше скршена.“, вели Ала Морозова. Исцрпеното милениче паднало во близина на пруга во Краснојарск пред да биде препознаено и спасено.
Ова место било во близина на домот на неговата поранешна сопственичка и Ала е сигурна дека доколку Мару соберел уште малку сила би се упатил таму. Но, Ала била „бесна“ на поранешната сопственичка бидејќи кога ѝ соопштиле дека кучето избегало таа не сакала да помогне во потрагата или да има било каква врска со тоа.
Сега Мару е на безбедно, ги некуваат неговите повреди и ги чека вистинските сопственици кои ќе ја заслужуваат неговата љубов.