Лекарите биле сигурни дека оваа чудо нема да се случи: имало премногу ризици во повеќекратна бременост. Но, Боби Мек-Коги имала седморка, ги родила и ги одгледала сите и покрај негативните предвидувања. Првата седморка порасна заедни и наполнија 21-година во ноември 2018 година.
Родителите и нивната седморка се обично американско семејство. 27-годишниот Кени и 29-годишната Боби веќе имале ќерка, Микајла, но сакале да имаат друго дете, и тогаш откриле дека им треба помош да забремени. За време на процесот на оплодување, двојката била предупредена дека постои можност тие да имаат „повеќекратна“ бременост, а Боби рекла дека е ментално подготвена да има уште две деца.
Кени се сеќава на денот кога се јавил на неговата сопруга и ја прашал што имало на ултразвукот. Гласот на неговата сопруга бил чуден и Кени се обидувал да добие јасен одговор од неа за тоа за колку деца станува збор. Таа одговорила: „7“ Од тој ден па натаму сопружниците почнале да размислуваат како ќе им овозможат на овие деца сѐ што им е потребно.
Лекарите сакале да отстранат неколку фетуси за да им се дадат повеќе шанси на останатите да преживеат, но Боби не ја прифаќала таа опција. Според проценката на експертите, дури и кога една жена е бремена со тројки, шансите да се има здраво дете (без невролошки или физиолошки проблеми) е 50%. Речиси половина од сите повеќекратни бремености завршуваат со спонтан абортус.
Лекарите кои се специјализирани за тешки бремености ја набљудувале бременоста. Дури до многу доцни етапи, тие биле убедени дека нешто ќе тргне наопаку. Но, сѐ било во ред. Иднината мајка се чувствувала одлично и покрај фактот што само стомакот ѝ тежел 7 килограми.
За време на породувањето во просторијата имало 40 експерти. Децата се родите 9 недели предвреме но сите преживеале: 4 момчиња и 3 девојчиња. Боби се породила со царски рез и бебињата останале во болницата во наредните 2 месеци.
Откако заминале дома сфатиле што ги чека. Секој ден, на децата им беа потребни 42 шишиња храна и 52 пелени. За реќа роднини, пријатели, хуманитарни организации и бизниси биле подготвени да донираат средства и да помогнат во одгледувањето на децата. Дури и тогашниот претседател Бил Клинтон им се јавил за да им честита, а подоцна децата се запознале и со претседателот Џорџ Буш.
2 од децата се родени со церебрална парализа и во текот на нивниот живот имале неколку операции, но сега можат да се движат самостојно. Алексис дури учествувала и на натпревар за убавина за деца со посебни потреби. Еве, децата на 6 години: Боби, Алексис Меј, Натали Су, Келси Ен, Нејтан Рој, Брендон Џејмс и Џоел Стивен. Постарата девојка е Микајла.
Кога децата имале 10 години семејството јадело 4 леба, 11 литри млеко, и 6 пакувања на житарки неделно. Тие во куќата имаат по две печки, две машини, два тостери и сл, а имаат и своја зеленчукова градина за да се задоволат потребите на сите.
Овие браќа и сестри израснале неразгалени навикнати на напорна работа. Сите деца биле добри на училиште и сите се занимавале со спорт.
Келси, Натали, Алексис, Натан и Џоел студираат на Универзитетот Ханибал-Лагранж, Кени оди на колеџ, а Брендон избрал воена кариера и наскоро ќе се ожени. Келси студира Односи со јавност, Алексис Предшколското образование, Натали се занимава со спортот, а Џоел и Нејтан студираат Компјутерски науки. Кенет ја добил својата диплома во градежништвото.