Не, сѐ уште не сме влегле во паралелен универзум, сѐ уште сме на истото место како и порано, но со нас е и таинствениот стартап на Илон Маск наречен „Neuralink“.

Маск објави дека компанијата е во процес на изработка на технологија за вметнување на електроди во човечки мозоци, и смета дека тоа ќе можат да го сторат уште од следната година.

Тој потврди дека во мозокот на луѓето ќе се вметнуваат „фини нишки“ покриени со електроди со помош на робот-хирург. Овие нишки потоа ќе можат да ги снимаат информациите што се пренесуваат од невроните и синапсите на мал сензор, тврди, Маск.

Прилично импресивно зарем не? Уште поимпресивно станало кога и претседателот на „Neuralink“, Макс Ходак, на публиката ѝ рече дека имаат намера да ја употребат технологијата во вистински човечки мозок уште од следната година.

Маск Исто така потврдил дека гласините дека веќе биле направени експерименти на мајмун не се неточни.

Иако целта сега е да го искористат хирургот-робот за медицински цели, Маск рекол дека долгорочната цел за „Neuralink“ е да открие начин „да постигне некој вид симбиоза со вештачка интелигенција“.

Сепак научниците од „Neuralink“ изјавиле дека ги чека долг пат пред оваа технологија да стане комерцијата и луѓето да почнат да се поврзуваат со компјутерите преку мозокот.

 

Сподели на Facebook
пати видено