Една група на острови на половина пат помеѓу Австралија и Хаваи содржат содржат смртоносни нивоа на зрачење, 1000 пати повисоки од токсичните места на погодените нуклеарни централи во Чернобил и Фукушима.
Маршалските Острови во централниот дел на Тихиот Океан некогаш биле идиличен тропски рај пред да бидат погодени со повеќе од 60 нуклеарни бомби за време на тестирањето спроведено од САД помеѓу 1946 и 1958 година.
Локалните жители биле принудени да ги напуштат своите домови откако биле погодени од бомби, а децении подоцна нуклеарниот отпад влегол во водата.
Серијата Чернобил ги прикажа страшните последици од зрачењето, но овие острови се уште пострашни. Истражувањето спроведено од Универзитетот Колумбија и објави оваа недела детално како Бикини и Ениветак Атолс, околу 5.000 километри од Австралија, страдаат од високи стапки на зрачење до ден-денес.
Бикини беа погодени со најголемата досега водородна-бомба, предизвикувајќи уништување за оние што живеат таму. Истражувачите откриле дека нивоата на радијација на Бикини атол биле од 15 до 1000 пати повисоки отколку во примероците од областите погодени од катастрофите во Чернобил и Фукушима.
Поголемиот дел од локалните жители на Маршалските Острови избегале од областа по нуклеарното тестирање, но има уште околу 50.000 луѓе кои сè уште живеат таму. Лос Анџелес тајмс објави дека некои жители верувале дека падот на остатоците од бомбите е снег и дека тие излегле надво за да го почувствуваат снегот и така станале жртви на зрачење со последици како губење на косата, изгореници, гадење и рак.
Двете најчести причини за смрт кај луѓето што живеат на Маршалските Острови се дијабетес и рак како резултат на високите нивоа на плутониум. По тестирањето, САД инсталирале купола на островот Рунит за да го соберат нуклеарниот отпад.
Токсичните супстанции сега излегуваат од куполата и течат во водата.