Наранајан Кришнан завршил факултет во Индија и започнал хотелски бизнис. Бизнисот му тргнал одлично, но еден ден се соочил со реалноста на светот во кој живееме.
„Јас овде хранам и им помагам на луѓето кои живеат во луксуз, а во моето родно село луѓе умираат од глад.“ Оваа мисла му била мотив да се откаже од хотелскиот бизнис во 2012 и животот да го посвети на хранење на бездомниците и ментално болните луѓе отфрлени од општеството.
Хранењето е само една половина од неговата работа, затоа што тој на овие отфрлени луѓе им дава и љубов и вистински се грижи за нив.
„Храната е за физичка исхрана, љубовта е за ментална исхрана“ – вели херојот на денот.