Никогаш не би ви препорачале да шверцувате дрога, бидејќи знаете нели дека е крајно нелегално и особено да не го правите тоа доколку не можете да ја сокриете нервозата на вашето лице.
Или пак доколку не ви одела криенка кога сте биле мали и другарчињата секогаш вас први ве наоѓале. Очигледно оваа „траума од детството“ ја имал и овој „нарко бос“ од Колумбија.
Колумбиецот бил запрен од шпанската полиција на неговото патување од Богота до Барселона. Човекот го привлекол вниманието кога полицијата го забележала дека изгледа крајно нервозно кога слетал неговиот лет. Но, имало и уште нешто прилично необично кај него.
Неговата „фризура“ изгледала несразмерно голема во споредба со големината на главата. Всушност станувало збор за перика и под неа се криело пакетче со половина килограм кокаин во вредност од 30.000 долари.
Полицијата на аеродромот Ел Прат во Барселона го објавила Колумбиецот и на Твитер и не можеле да одолеат да не се насмеат на негова сметка. „Нема ограничување на инвентивноста на шверцерите на дрога кои се обидуваат да се потсмеваат на полицијата.“, напишале тие.