Еден планинар открил прекрасно езеро високо во француските Алпи и кој не би сакал да види прекрасно тиркизно езеро, кое е рај за очите. Сепак оваа убавина е само лош предвесник на катастрофата која ни се приближува.

Брајан Местре го открил езерото на надморска височина од 3.400 метри додека се качувал на планинскиот венец на Монблан.

Се верува дека езерото е формирано од глацијален снег што се стопил за време на интензивниот топлотен бран кој неодамна ја зафати Европа, но проблемот е во тоа што 10 дена пред езерото да биде откриено на истата локација немало ништо.

„Време е да се огласи алармот … Проблемот овде? Овие две фотографии беа направени со само 10 дена разлика… Беше направена претходно на 28-ми јуни и втората беше споделена од Пол Тодхунтер. Само 10 дена од екстремната топлина беа доволни за да се распадне, да се стопи и да се формира езеро во основата на Дент ду Геонт и Аугилс Марбрес. колку што знам вакво нешто прв пат се случува.“, напишал Брајан на Инстаграм.

View this post on Instagram

To all the people claiming it was a fake or a photoshopped picture, a false flag or whatever… It’s very real, the glacier is in terrible shape and liquid water only accelerates the melting process… There’s now a lake at the base of Dent du Géant and Aiguilles Marbrées…. Keep sharing! My interview with @mblivetv can be found here! https://montblanclive.com/radiomontblanc/article/massif-du-mont-blanc-un-petit-lac-se-forme-a-plus-de-3000-m-daltitude-48453 #climbing #climber #climb #frenchalps #savoie #savoiemontblanc #hautesavoie #outdoors #globalwarming #mountaineering #mountains #mountain #montagne #montagna #montaña #montanhismo #mountaineer #alpinist #alpinism #alpinisme #alpinismo #alpi #alps #alpes #environment #savetheplanet #climatechange #montblanc @beal.official @millet_mountain @patagonia @blueiceclimbing

A post shared by Bryan Mestre (@bryanthealpinist) on

Климатските научници со години предупредуваат дека Европа ќе се соочи со повеќе топлотни бранови како промена на временските услови, благодарение на глобалните климатски промени, но ова е првпат Местре, искусен планинар, да види нешто такво.

Местре рече дека наоѓањето на езерото е вистинско изненадување бидејќи се наоѓа на површина на 3.400 до 3.500 метри, далеку над линијата за снег (границата меѓу снежна покривка и површината без снег на планините) на Алпите што е на 2500-2800 метри.

Сподели на Facebook
пати видено