Културата, воспитувањето, традициите и начинот на живот се разликуваат во секоја земја, разликите се поголеми особено кога се споредуваат балканските земји со оние од Западна Европа и Скандинавија.
Некои родителски практики кои ги имаат родителите во Холандија нѐ изненадуваат, други се необични за нашите простори, а трети би сакале почесто да се применуваат и кај нас. Погледнете како Холанѓаните го сфаќаат родителството.
10. Мајките не се премногу загрижени за својата исхрана.
Во Холандија не постојат строги забрани за доилки: во првите месеци по раѓањето на бебето, не им се препорачува да јадат зелка, кромид, силни зачини и да пијат алкохол. Сè друго е можно.
9. Настинката кај бебињата не се лекува со апчиња.
Потребно е да се зајакне имунолошкиот систем, а не да се прошири опсегот на конзумирање на апчиња е мотото според кое се водат Холандските мајки. Тие на бебињата им даваат чај и во најекстремни ситуации парацетамол, а на лекар одат по 3-тиот ден откако детето качило температура.
8. Родителите не прибегнуваат кон телесно казнување и не врескаат.
Тука родителите не викаат по детето, а да се крене рака на детето е невиден хорор за кој нема ниту малку толеранција. Тука сѐ се решава со зборови. Родителите од Холандија сметаат дека доколку родителот крене рака на детето тогаш проблемот е во него, а не во детето.
7. Детето се гледа како личност.
Тие се однесуваат со децата како со возрасни, мирно објаснуваат зошто не треба да го прават тоа. Тие даваат многу слобода во активностите и не го контролираат секој негов чекор. На детето му е дозволено да прави грешки и да учи од нив. Иако алкохолот, цигарите и дрогата се лесно достапни во Холандија стапката на млади луѓе кои го прават тоа е екстремно мала.
6. Учат да ги решаваат проблемите без конфликти
Холанѓаните се изненадувачки неконфликтна нација, тие ќе молчат наместо да изразат мислење, ако тоа е радикално поинакво од ставовите на соговорникот. Ова е „инсталирано“ од детството – родителите ги советуваат деца да размислат два пати пред да кажат нешто непристојно или навредливо.
5. Поттикнуваат индивидуалност
Децата не се споредуваат со другите, не бараат одлични резултати или оценки (велат дека ова не е главната работа), тие не се обидуваат да ги соберат општоприфатените стандарди. Не креваат паника доколку детето не зборува кога „треба“ или не оди по надвор самостојно кога „треба“.
4. Мамо и тато се заинтересирани за мислењето на детето.
Мама и тато донесуваат одлуки заедно, го дознаваат мислењето на детето за сè, веруваат во неговите одговорни задачи. Детето знае дека неговото мислење е од интерес за возрасните, па затоа тоа станува самоуверено и самодоволно.
3. На децата не им се наметнува соодветна исхрана
Холанѓаните не се грижат особено за здравата исхрана на децата. Да му се даде на детето кришка леб со маргарин за ручек не е нешто необично. Исто така и во училиште децата најчесто си ја носат храната од дома.
2. Охрабруваат интерес кон спортот
Љубовта кон спортот е составен дел од животот на Холанѓаните. Фудбал, тенис, хокеј, билијард, сквош – одберете што е интересно. Зошто да гледате цртани филмови или да играте компјутерски игри кога е многу поинтересно да се играте во живо со пријателите или да поминете време со вашето семејство?
1. „Најголемата тајна“ за воспитувањето на децата во Холандија
Најдобар начин да се одговори на секој каприц е одвраќање на вниманието. На пример ако детето не сака да јаде пуштете му музика или набавете интересна лажица, доколку плаче за да му купите играчка однесете го да се игра во паркот или прошетајте со него, ако падне и се повреди раскажете му смешна случка. Секогаш можете да го смирите бебето ако го одвлекувате од причината за вознемирувањето.
Што мислите вие за овој начин на воспитување на децата?